Достапни линкови

Ќе се повлече ли Трамп од спогодбата со Иран?


Трамп ќе ја објави одлуката за спогодбата со Иран
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:37 0:00

Трамп ќе ја објави одлуката за спогодбата со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека денеска ќе ја објави неговата одлука дали ќе ги повлече или не Соединетите држави од нуклеарната спогодба со Иран.

Во пораката на Твитер Трамп прецизира дека тоа ќе биде во 14 часот по локално време.

Трамп се закани дека ќе се повлече од договорот, со кој Иран се ослободи од санкциите во замена за ограничување на капацитетите за збогатување ураниум, освен ако европските потписнички на спогодбата не ги поправат она што тој ги нарекува недостатоци.

Претходно, Трамп исто така на Твитер се изјасни и во врска со, како што наведе, „можеби илегалната дипломатија во сенка“ на поранешниот американски државен секретар Џон Кери.

Во март Иран потврди дека иранскиот министер за надворешни работи се сретнал со својот поранешен американски колега на маргините од состанокот во Минхен во февруари.

Списанието „Њујоркер“ објави дека Кери го повикал Техеран да не се откаже од нуклеарниот договор во 2015 година, и покрај тензиите со администрацијата на Трамп.

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс запршана дали „тајната дипломатија“ на Џон Кери би можело да има некакво влијание врз одлуката на Трамп рече:

„Не мислам дека тоа воопшто ќе има влијание. Мислам дека претседателот многу јасно зборуваше за тоа. И јас не мислам дека ќе земеме совет од некој што го создаде она што претседателот го смета за еден од најлошите договори досега. Не сум сигурна зошто сега би почнале да го слушаме“.

Трамп во неговата твитер порака напиша дека токму Кери е виновен за целиот хаос во врска со спогодбата меѓу Иран и шестте големи сили од 2015 година.

Трамп долго време ја критикува оваа спогодба.

Тој уште како претседателски кандидат изјави:

„Никогаш во животот не сум видел некаква трансакција толку некомпетентно преговарана како нашиот договор со Иран – и мислам никогаш“.

Трамп тоа го повтори и за време на неодамнешната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на Вашингтон:

„Тоа е лоша зделка. Тоа е лоша структура. Тоа пропаѓа. Никогаш не требаше да се направи. Јас го обвинувам Конгресот, обвинувам многу луѓе за тоа, но тоа никогаш не требало да се направи“.

Тогаш Трамп изјави дека на 12 мај ќе ја каже неговата одлука за евентуалното излегување на САД од спогодбата ако не дојде до нејзина ревизија, но е изложен на силен притисок од европските сојузници да се откаже од таквата намера.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG