Достапни линкови

Идентификуван напаѓачот во редакцијата на „Капитол газет“


Осомничениот напаѓач Џерод В. Рамос

Полицијата во Анаполис, САД, го идентификувала напаѓачот во редакцијата на локалниот весник „Капитал газет", објави АП.

Според полициски извори на кои се повикуваат локалните медиуми, станува збор за Џерод В. Рамос, кој бил идентификуван преку технологија на препознавање лица.

„Мотивот за сега е непознат“, изјави официјалната претставничка на округот Ен Арундел.

Во нападот беа убиени петмина, а 20-ина беа повредени со огнено оружје.

XS
SM
MD
LG