Достапни линкови

Хоџај: Русија го дестабилизира регионот


Енвер Хоџај

Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај смета дека влијанието на Русија претставува закана за безбедноста на Балканот, додека спогодбата меѓу Скопје и Атина е придобивка за целиот регион во настојувањата за евроинтеграциите, соопшти кабинетот на Хоџај.

Според соопштението, овие ставови тој ги изнел за време на официјалната посета на Лондон, каде што се сретнал со британскиот министер за Европа и Америка, Ален Данкан и со пратеници во британскиот Парламент, а учествувал и на подготвителната конференција за лондонскиот самит за Западен Балкан, кој ќе се одржи на 9. и 10. јули, а го организира Домот на лордовите.

„Загриженост за безбедноста на Балканот предизвикуваат отворените прашања меѓу државите, но и надворешните закани, како што е, на пример, влијанието на Русија, која постојано работи во правец на дестабилизирањето на регионот. Конкретен пример за тоа е рускиот разузнавачки центар во градот Ниш во Србија“, рекол Хоџај.

XS
SM
MD
LG