Достапни линкови

Столтенберг: Очекувам да добиете покана за пристапни преговори


На Самитот на НАТО на 11 и 12 јули очекувам лидерите на земјите членки на Алијансата да ве поканат да почнете раговори за пристапување, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг на заедничкаат прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев во Брисел.

„Проблемот за името беше сенка над регионот долго време, но сега договорот е пример за сите на соработка. Вратата на НАТО е отворена, а вие сте на прагот. Сакаме да ја видиме Македонија во стабилен и просперитетен регион“, изјави Столтенберг и додаде дека, сепак, без финализирање на договорот Македонија нема да може да се приклучи во НАТО и затоа очекува граѓаните на Македонија да ја препознаат шансата и да ја искористат.

„Откако ќе ги завршиме пристапните преговори и ќе биде затворен договорот за името, тогаш земјата ќе стане полноправна членка“, додаде Столтенберг.

Премиерот Заев рече дека Македонија очекува да стане 30-та членка на НАТО и додаде дека Македонија ја чека поканата од 2008 година кога беше заклучено дека ги ги исполнува сите услови и стандарди за влез во НАТО.

XS
SM
MD
LG