Достапни линкови

Грците бараат Врховниот суд да го поништи договорот со Македонија


Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас го потпишаа договорот за името во Псарадес - 17.06.2018.

Грчките противници на договорот со Македонија за името поднесле тужба во Врховниот суд, барајќи договорот да биде прогласен за неуставен. Неколку организации објавија дека го повикале Врховниот суд да го понништи договорот кој го нарекуваат „ноќен кошмар“. Тие наведуваат дека прелиминарниот договор требало, пред да биде потпишан од министрите за надворешни работи на двете земји, да го ратификува грчкиот парламент. Според нив, договорот би можело да доведе до промена на грчката северна граница и да и донесе огромна штета на грчката нација и затоа треба да биде распишан референдум.

XS
SM
MD
LG