Достапни линкови

Критичен финиш во преговорите за името


Софија- Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас на втората средба на 17.05.2018
Софија- Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас на втората средба на 17.05.2018

И натаму неизвесност околу исходот од преговорите за спорот за името, кој трае од 1991 година, поради што Грција како земја членка на ЕУ и НАТО го блокира влезот на Македонија во двете организации.

Наредните часови ќе бидат клучни за исходот од преговорите за името, постои волја и активен ангажман на сите новоа на владите на Македонија и Грција за затворање спорот, изјави денеска вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

Според него, моменталните разлики повеќе се во интерпретацијата на напишаното, отколку во генералните принципи кои ги кажуваат двете страни.

„Сметам дека сè уште е прерано да се каже кој ќе биде исходот, меѓутоа сметам дека се последните метри на еден 25-годишен маратон, а обично последните метри се критични, кои можат да го утврдат исходот во позитивна или во негативна насока“, изјави вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

Османи: Трпение, разликите се во интерпретацијата на напишаното
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:57 0:00

Неговата изјава доаѓа откако вчера македонското Министерство за надворешни работи соопшти дека се работи на постигнување на договор, укажувајќи оти тој треба да биде квалитен, на што грчки владин функционер реагираше, коментирајќи дека постои добар договор на маса кој мора да се затвори наскоро, но оти „за жал некои инсистираат на играње игри.

Од МНР вчера наведоа дека во текот на разговорите била покажана добра волја и бил постагнат добар резултат и оти таа добра волја работните групи треба да ја преточат во текст на договор.

„Република Македонија посакува и интензивно работи тоа да се случи побрзо до претстојниот состанок на Европскиот совет, воедно укажувајќи дека за вака значајни прашања не треба да се брза. Квалитетот на текстот на договорот и потребата од постигнување на трајно и одржливо решение прифатливо за двете страни, се далеку поважни од потребата процесот да се финализира во било каков рок“, се вели во соопштението на МНР.

Премиерот Зоран Заев изјави дека и натаму е оптимист и дека спорот за името меѓу Македонија и Грција ќе се реши многу брзо.

„Многу е важно ова да биде одржливо и трајно и да биде сто отсто безбедено за генерациите што доаѓаат и ќе го крепат ова пријателство со договорот што ќе го постигнеме. Како што гледате јас останувам оптимист, иако не е лесно, чуствително е, но е многу важно“, изјави Заев.

Јавноста во двете земји и натаму е во очекување на разговор меѓу премиерите на двете земји Зоран Заев и Алексис Ципрас, кој ,според најавите, требаше да значи еден од последните чекори за постигнување договор за долгогодишниот спор.

Двете земји се под притисок за решавање на прашањето, во услови кога западните лидери велат дека интеграцијата на балканските земји во ЕУ и НАТО е најдобоар начин за подобрување на стабилноста во регионот.

Во меѓувреме, неколку протести се случија во Грција и Македонија во последните месеци, против постигнување на компромисно решение.

На 2 јуни поддржувачи на опозициксата партија ВМРО-ДПМНЕ излегоа на митинг во главниот град Скопје, протестирајќи против, како што наведоа, „катастрофално водените преговори со Грција.“

Во Грција пред два дена се одржаа протести во над 20 населени места. Пораките беа дека Македонија е една и е грчка.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG