Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестира, Заев внимателно ќе ги слушал пораките


Архивска фотографија- седиштето на ВМРО ДПМНЕ

Во пресрет на вечерашниот протестен митинг пред зградата на Владата од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со соопштение во кое наведуваат дека “СДСМ цела година ја враќа Република Македонија назад во секој поглед, економијата е во стагнација, без никаков раст, државата е заробена, судовите работат по диктат, а институциите се злоупотребуваат од власта”.

“Една година СДСМ е една година чемер и јад за граѓаните. Една година СДСМ е една година стагнација, неработа и безидејност. Република Македонија мора да продолжи по вистинскиот пат, СДСМ не е иднината која ја посакуваат граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани, кои се излажани од оваа недемократска и ненародна власт, на 2 јуни во 20 часот пред владата на голем протестен митинг против криминалот и корупцијата на власта, против аматеризмот во водењето на државата и расфрлањето со државните интереси” пишуваат од опозициската партија.

Премиерот Зоран Заев денеска, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со опозицискиот протест, рече дека опозицијата има многу важна улога во општеството.

“Јас внимателно ќе слушам за пораките кои што ќе излезат од самиот протест заради тоа што во нормална демократска, слободна држава опозицијата е таа која што и критикува и дава предлози како да го унапредиме севкупното работење во Република Македонија, изјави Заев при увидот на градежните работи за изградба на експресниот пат Штип-Радовиш.

XS
SM
MD
LG