Достапни линкови

Бејли: Решавањето на проблемот со името ќе му донесе добро и на целиот регион


Џес Бејли

Американскиот амбасадор во македонија Џес Бејли изјави дека САД веќе долго време им даваат поддршка на Република Грција и Република Македонија во однос на решавање на спорот со името и дека решавањето на долгогодишниот проблем ќе донесе добро не само за Македонија и за грција, туку и за целиот регион.

„Продолжуват преговорите меѓу двете земји со помош на ОН. Со оглед на специфичноста јас ќе им оставам на двете земји да изнајдат заедничко прифатливо решение, кое граѓаните го чекаат долго време“, рече Бејли од Струга, каде учествува на Македонски енергетски форум 2018.

XS
SM
MD
LG