Достапни линкови

Атина - Имаме добар договор, но некој игра игри


Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас и македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров пред почетокот на состанокот за иднината на Европа во Сунио, во близина на Атина, Грција.

"Имаме добар договор на масата, за кој, како што рече премиерот на ПЈРМ, мора да се затвори многу наскоро. За жал, некои инсистираат на играње игри ", изјавил грчки владин функцонер за медиуми во Атина коментирајќи го соопштението на македонското Министерство за надворешни работи.

Имено, македонското министерство за надворешни работи вчера информира дека се работи врз постигнување договор за името, но дека „за вака значајни прашања не треба да се брза“.

“Во текот на разговорите беше покажана добра волја и беше постигнат добар резултат. Во овој момент, како и во секој процес од ваква природа, потребно е таа добра волја да се преточи од страна на работните групи во текст на договор, што на најсоодветен начин ќе ги отслика суштинските параметри од постигнатото политичко разбирање меѓу двете страни.

Премиерот Зоран Заев пак, изјави дека спорот за името меѓу Македонија и Грција ќе се реши многу брзо.

„Многу важно ова да биде одржливо и трајно и да биде сто отсто безбедено за генерациите што доаѓаат и ќе го крепат ова пријателство со договорот што ќе го постигнеме. Како што гледате јас останувам оптимист иако не е лесно, чуствително е, но е многу важно“, изјави Заев.

XS
SM
MD
LG