Достапни линкови

Се подготвува нов закон за абортус


Министерот Венко Филипче при неодамнешната посета на Детската клиника во Скопје

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека се подготвува нов закон за прекин на бременоста и дека со измените на жената ѝ се дава можност за слободен избор за абортус до 12-та недела, во консултација со матичниот гинеколог. Слободен избор за прекин на бременоста жената ќе има и до 22 гестациска недела од бременоста, со оценка на комисија составена од двајца гинеколози и еден социјален работник.

„По наполнување на 22 гестациска недела, ќе се формира посебна стручна комисија која ќе треба да направи проценка за одобрување прекин на бременост. Таа комисија, освен гинеколози и акушери, ќе биде составена и од специјалист од детска хирургија, детска кардиологија, кардиохирургија, неврохирургија, анестезиологија и социјален работник. Во случај на вродена аномалија кај плодот, жената има право да ја прекине бременоста врз основа на мислење од овие специјалисти“, рече Филипче.

Министерот додаде дека одлуката за прекин на бременоста е право на жената и оти тоа никој не може да и го одземе.

XS
SM
MD
LG