Достапни линкови

Во септември нови предвремени избори во Италија?


Ниту по 12 недели од одржувањето на парламентарните избори, што е рекорд во историјата на Републиката, Италија нема влада.

Весникот „Кориере дела сера“ објави дека партиите веќе размислуваат за предвреемни избори што може да се одржат на 9 септември. Весникот наведува дека во резиденцијата на претседателот на Италија Серџо Матарела кој одби да го прифати предлогот евроскептичниот Паоло Савона да биде министер за економија, во тек се драматични часови откако популистичкиот мандатар Џузепе Конте синоќа му го врати мандатот.

„Кориере дела сера“ нагласува дека предвремени избори ако се одржат, нема да бидат обичен тест на избирачите туку референдум за Европа, за еврото како и за уставниот поредок на државата.

XS
SM
MD
LG