Достапни линкови

САД и официјално ја отвораат амбасадата во Ерусалим


Ерусалим

Соединетите држави денеска официјално ќе ја преселат својата амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим. Оваа одлука предизвика задоволство во Израел, но и бес кај Палестинците, некои американски сојузници и пошироката меѓународна заедница. Делегација на Белата куќа и израелски официјални претставници ќе се соберат на церемонијата, додека во исто време се очекува голем број Палестинци да протестираат. Американскиот претседател Доналд Трамп во почетокот на годинава соопшти дека САД го признаваат Ерсуалим за главен град на Израел.

XS
SM
MD
LG