Достапни линкови

Џафери нема да стави потпис под името на Иванов


Се бараат решенија за Законот за јазиците, но нема рокови до кога треба законот да стапи на сила. Собрансикито спикер се надева дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Парламентот.

Претседателот на Собранието,Талат Џафери, изјави дека нема да го потпише указот на Законот за употреба на јазиците, неместо претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Нема да ставам потпис под ничие друго име“, рече Џафери на брифинг со новинарите.

Претседателот на Собранието вели дека се бараат решенија за Законот. Според него решенија постојат, но сега се анализира кое ќе биде најприкладно. Тој вели дека нема рокови за Законот, оти после второто читање не се пропишани рокови, има само обврска претседателот на државата да го потпише.

„Според одредбите на Уставот, Иванов го прекршува Уставот, не го прекршувам јас. Законодавниот дом не може никој да го спречува да носи закон и да го стави во функција, ако е така, тогаш имаше проблем со демократијата со поделба на власта“, вели Џафери.

Собранскиот спикер усно побарал средба со Иванов, но не добил одговор.

Тој не беше прецизен дали законот би можел да биде испратен во „Службен весник“ без потпис од Иванов, односно само со еден потпис.

Претходно премиерот Зоран Заев исто така рече дека се разгледуваат неколку опции. Заев вели дека правни експерти бараат излез од ситуацијата, а едно од решенијата е Уставниот суд да даде толкување за одлуката на Иванов.

Претседателот Иванов одби да го потпише указот за законот, оти како што рече бил неуставен.

Џафери се надева дека од следната недела пратениците од опозицијата ќе се враќаат во Собрание, оти како што вели, аргументот што го користеле со притворените пратеници, сега е исполнет, тие се во домашен притвор, па ВМРО-ДПМНЕ немаат веќе зошто да го бојкотираат Парламентот. Според него, усогласени се најголем дел од законите во работните групи меѓу парламентарните партии.

Што се однесува до патните трошоци на пратениците, нешто за кое во јавноста доста се зборуваше, Џафери вели дека ако се менува законот тоа треба да важи за сите избрани и именувани функционери, не само за пратениците. Забележува дека, како што вели, пратениците неправо се оцрнети во јавноста.

Земањето надомест за патни трошоци за одење на работа во Парламентот не е привилегија, туку создавање услови да може институцијата да биде функционална“, рече Џафери.

Тој вели дека Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) треба да создаде услови и за пратениците како и за другите избрани и именувани лица.

За измените во собранискиот Деловник, етичкиот кодекс и други прашава во интерес на пратениците ќе се разговарал во рамки на процесот „Жан Моне“, на средбата што треба да се одржи од 17 до 19 мај во Охрид.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG