Достапни линкови

Претседателот Иванов нема да го потпише Законот за јазиците


Претседателот Ѓорге Иванов нема да го потпише указот за прогласување на закон, откако во Собранието беше донесен Законот за јазиците во трето читање. Иванов во видео обраќање вели дека нема да потпише указ за закон, кој е донесен на ваков начин.

Уставот и совеста не ми дозволуваат да ставам потпис на Указ за прогласување на ваков закон“, вели претседателот.

Тој вели дека законот на начинот на кој што е напишан, но и изгласан, ќе предизвика целосна блокада на работата на институциите. Во услови на блокада на институциите, голема е веројатноста да се отвори прашањето за редефинирање на уставното уредување, вели Иванов.

Тој им се обрати на пратениците и рече дека очекувал од нив да постапат одговорно по неговите забелешки кои ги достави откако одби да го потпише указат за законот во јануари.

Начинот на кој по втор пат го изгласавте овој закон претставува институционално насилие и удар врз демократијата. Се надевам дека сте свесни за преседанот што го правите и за последиците и штетите по правото и правната држава, што во иднина можат да произлезат од овој преседан“, вели претседателот Иванов.

Неправедниот закон и не заслужува да се нарече закон, вели тој.

XS
SM
MD
LG