Достапни линкови

Избори во Русија, се очекува нов мандат на Путин


Архива: Владимир Путин.
Архива: Владимир Путин.

На руските Претседателски избори се очекува Владимир Путин да добие четврти мандат. Неизвесност постои околу тоа дали гласачите ќе излезат во доволно голем број за да му дадат убедлив мандат.

Гласачите во Русија денеска се упатуваат кон избирачките места на Претседателските избори, на кои се чини дека сигурно Владимир Путин ќе го обезбеди својот четврти мандат.

Избирачките места во Москва беа отворени во 8 часот по локално време, откако часови претходно тоа беше направено на далечниот исток на Русија. Избирачките места ќе бидат затворени во 20 часот.

Неколку села во Камчатка и Чукотск веќе известија за излезеност од 100 проценти.

Пуштајќи го своето гласачко ливче, Путин рече дека ќе ја разгледа излезеноста на гласачите којашто ќе му овозможи на претседателот да ги исполни своите должности со успех.

65-годишниот Путин, јава на бранот на владината популарност поттикната на четвртата годишнина од анексијата на украинскиот Полуостров Крим и поради воената интервенција во Сирија, која на државната телевизија се претставува како патриотски успех.

Единственото вистинско прашање е дали гласачите ќе излезат во доволно голем број за да му дадат убедлив мандат.

Додека гласаше, Путин рече дека „секој“ резултат што му овозможува да продолжи како претседател „би бил успех.“

„Сигурен сум дека програмата што ја нудиме е вистинска“, изјави Путин за руските новински агенции.

Изборите доаѓаат во услови кага односите на Русија со Британија се многу затегнати, по труењето со нервен гас на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал за што Лондон ја обвинува Москва.

Одредени прекршувања на гласањето веќе се пријавени од страна на мониторинг групата „Галос.“

Покрај тоа, на 15 март САД наметнаа нови санкции кон руски фирми и поединци, во врска со, како што вели Вашингтон, руското мешање во претседателските избори во 2016 година.

Тензиите сепак ја зајакнуваат популарноста и имиџот на Путин како бранител на Русија и даваат доверба на неговите тврдења дека Русија е опкружена од странски непријатели.

Другите седум кандидати на претседателските избори се далеку зад Путин на анкетите за јавното мислење.

Според анкетите, кандидатот на Комунистичката партија Павел Груднин се очекува да добие седум отсто од гласовите.

Според Рускиот центар за проучување на јавното мислење, Владимир Путин ќе биде избран со 69 проценти поддршка.

Генерација „Путин“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG