Достапни линкови

СДСМ ги осуди нападите врз Селмани, Асани јавно го навреди


Архивска фотографија-претседателот на Здружението на новинари на Македонија Насер Селмани

СДСМ денеска преку соопштение ги осуди нападите врз претседателот на Здружението на новинари на Македонија Насер Селмани.

“СДСМ ги осудува нападите врз новинарската фела и нападите кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани. Новинарите имаат значајна улога во градењето и унапредувањето на демократските процеси и оттаму, нападот врз новинарите е напад врз слободата на говор и демократските вредности” наведуваат од СДСМ.

Партискиот функционер на ДУИ Беќир Асани во вчерашното интервју за порталот Мактел го именува Селмани со погрдни зборови и го омаловажува. Ова следува откако претседателот на ЗНМ реагираше на социјалната мрежа Фејсбук за нападот врз полицајката Јасмина Јаначковска од функионерот на ДУИ при обид за тргање на неговото возило од пред трговскиот центар Мавровка во Скопје. Тогаш Селмани напиша дека “правната држава клекна пред еден силеџија, поддржан од ДУИ”. По, ова како што напиша повторно самиот тој, му се заканувал братот на Беќир Асани за што пријавил и во полиција.

Тогаш реагираше и опозицската ВМРО-ДПМНЕ. Партијата најостро ги осуди заканите кои му биле упатувани на Селмани и го обвини министертвото за внатрешни работи за инертност и неодговорност.

За нападите врз претседателот на ЗНМ реагираа и регионалните новинарски здруженија, а ги осуди и министерот за транспаретност и отчетност Роберт Поповски.

XS
SM
MD
LG