Достапни линкови

Регионални здруженија ги осудија нападите кон претседателот на ЗНМ


Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани.

Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите ги осуди заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани.

„Заканите и нападите врз новинарите претставуваат директен напад врз слободата на изразувањето и правото на граѓаните да бидат информирани. Секој напад врз новинари претставува напад врз јавниот интерес, демократија и правата на граѓаните“, се наведува во соопштението.

Од Регионалната платформа најавуваат дека ќе испратат писма до сите релевантни власти во Македонија и ќе побараат брзо и темелно истражување на сите факти поврзани со овој случај.

На Селмани му се заканил братот на функционерот на ДУИ, Беќир Асани, откако претседателот на ЗНМ на Фејсбук го критикуваше нападот на Асани врз полицајка.

XS
SM
MD
LG