Достапни линкови

Полицијата го казни Бекир Асани


Полицијата му констатираше прекршок на Бекир Асани, висок функционер од ДУИ кој утрово вербално нападнал полициска службеничка. Асани ја нападнал полицајката откако со пајак-возило заедно со вработени од „Градски паркинг“ му го кренале непрописно паркираниот автомобил. По извршениот разговор во полициска станица Бит пазар, изготвен е записник за констатиран прекршок по чл. 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, информираат од МВР.

Инаку, Асани е експретседател на огранокот на ДУИ во Чаир. За него МВР има регистрирано неколку инциденти. Министерството го сомничи за напад на претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, во март 2016 година по неуспешниот обид да се стават темели на крст во Бутел. Функционерот на ДУИ пред две години бил уапсен во Србија за сообраќаен прекршок.

XS
SM
MD
LG