Достапни линкови

Трамп: Кина и Русија, ривали на Америка


Трамп: Состојбата на нашата унија е силна
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

Трамп: Состојбата на нашата унија е силна

Американскиот претседател Доналд Трамп во обраќањето на заедничката седница на двата дома на Конгресот оцени дека состојбата на унијата е силна. Тој исто така изјави дека Кина и Русија се ривалски земји на кои Америка мора да им се спротивстави со „неспоредлива сила“.

Претседателот Доналд Трамп во неговиот прв говор за состојбата на нацијата рече дека од неговиот избор во земјата биле отворени 2,4 милиони работни места и оти платите постојано се зголемуваат.

„Ова всушност е нашиот нов американски момент. Никогаш немало подобро време да започнете да живеете во американскиот сон“, рече тој.

Деведесет минутниот говор главно беше посветен на американските домашни прашања како неопходноста од обнова на инфраструктурата во земјата, напорите за запирање на епидемијата со опијати во некои американски региони и реформата на имиграциската политика.

Но, Трамп во дел од говорот се фокусираше врз главните надворешно политички предизвици со кои се соочуваат САД.

Притоа оцени дека Кина и Русија се ривали на кои Америка мора да им се спротивстави со „неспоредлива сила“.

„Во светот се соочуваме се непријателски режими, терористички групи и ривали како Кина и Русија кои претставуваат предизвик за нашите интереси, нашата економија и нашите вредности. Во конфронатцијата против овие опасности знаеме дека слабоста е најсигурниот пат до конфликт и оти неспоредливата моќ е најсигурниот начин за наша сигурна и голема одбрана“, рече Трамп.

Тој исто така побара да бидат исправени, како што рече, „фундаменталните недостатоци“ на нуклеарниот договор меѓу светските сили и Иран.

Трамп, се осврна и врз неодамнешните протести против режимот во Иран, додавајќи дека Америка стои со народот на Иран во нивната храбра борба за слобода.

Трамп побара максимален притисок врз Северна Кореја, нарекувајќи го режимот во Пјонгјанг „сурова диктатура“.

Тој објави и дека потпишал наредба за натамошно функционирање на американскиот затвор Гвантанамо на Куба.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG