Достапни линкови

Џафери очекува кворум за гласање за законот за јазиците


Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери

Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува в четврток да има кворум кога треба да се гласа за Законот за јазиците. Во емисијата „Отворено“ на Телевизија 24, Џафери изјави дека по донесувањето на Законот за јазиците ќе ги води пленарните седници онака како што пропишува законот. „На албански или македонски во зависност од тоа на кого ќе му се обратам. Во основа тоа значи дека по донесувањето на законот можам да ја водам седницата на албански, но на оној на којшто ќе му се обратам доколку нема слушалки, а не е Албанец, ќе му се обратам, на оној јазик на којшто ќе ме разбере“, рече Џафери. Во врска со патните трошоци и злоупотребите направени од страна на некои пратеници, Џафери посочи дека Собранието нема истражни надлежности и нема право да истражува.

XS
SM
MD
LG