Достапни линкови

Македонското собрание денеска за избор на уставни судии и за Законот за јазици


Седница на Собранието на Република Македонија

Собранието на Македонија денеска треба да го одржи продолжението на 27 седница на која не дневен ред се изборот на уставни судии и Предлог-законот за употреба на јазиците. Во првиот месец од 2018 година закажани се продолженија на шест седници и две собраниски комисии, меѓу нив и за ратификацијата на Договорот со Бугарија, како и обраќањето на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Се уште е неизвесно дали пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат во работата на Собранието. Лидерот на партијата Христијан Мицковски деновиве најави дека ќе ги објави идните чекори на ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и делувањето на пратениците.

XS
SM
MD
LG