Достапни линкови

Марковиќ - Кога паѓаш од власт, губиш сè


Марковиќ – На протестите се покажува политичката немоќ на Груевски
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:49 0:00

Кога ја губите власта, вие губите сè, не можете да ја одржувате таа клиентелистичка мрежа ниту преку поволности, ниту преку уцени, ниту преку медиумско влијание, ниту на кој било начин, вели професор Ненад Марковиќ во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Во малата поддршка на протестите вие гледате сигнал дека Груевски ја губи поддршката во партијата?

Тоа не е сигнал, тоа е повеќе од сигнал. Неговата мобилизаторска моќ се мереше во илјадници луѓе, да се сетиме само на разните протестни иницијативи, од „За заедничка Македониа“, преку ГДОМ итн., кои беа на еден или на друг начин поврзани со таа десна идеолошка политичка енергија, вие имавте многу голема, многу масовна политичка мобилизација, што оди во насока на тој модел на клиентелистичко општество во кое живееме дека кога ја губите власта, вие губите се, вие не можете да ја одржувате таа клиентелистичка мрежа ниту преку поволности, ниту преку уцени, ниту преку медиумско влијание, ниту на кој било начин и ја губите поддршката во оној момент кога ќе ја изгубите власта. Така што 100 или 200 луѓе пред Кривичен суд, во таква ситуација веројатно подобро да не го правите тоа, отколку да го правите, зошто покажувате политичка немоќ, односно покажувате колку е падната вашата мобилизаторска моќ.

Македонија и досега добиваше препораки од Европската унија за почеток на преговорите но претходно практично беа блокирани од Грција. Сега се споменува и евентуално решени на спорот за името, очекувањата се подигнати. Можно ли е решени на спорот за името со Грција?

Јас секогаш пробувам персонално да бидам реалист, дури и благ песимист, меѓутоа сега има една поголема опасност од кога било, која мислам дека ретко која ја гледа, сега го имаме моментот на подигнати очекувања, луѓето очекуваат дека ќе влеземе барем во НАТО. Ако тоа се пролонгира или не се случи, имаме огромна шанса да јакнат анти-демократски сили во Македонија и повторно да влеземе во зарабена држава, независно од тоа кој би бил во таква консталација на односи на власт, повторно да се води политика која се водеше по Букурешткиот Самит на НАТО, политика која се води од некаква национална гордост, која е фиктивна, вие кога сте надвор од сите системи не можете да ја браните националната гордоста на ниеден начин, изолирани сте и оставени на страна која се води од некаков инает кон Европската унија итн, но мислам дека постои прозорец, еден мал прозорец на можности, пред да се смени политичката клима и во Грција и кај нив набрзо ќе дојдат избори, знаеме дека Неа Демократија јакне и најверојатно ќе биде многу помалку толерантна кон прашањето за името, така што ако овој прозорец сега не се искористи веројатно ќе мора да почекаме некој период понатаму кој би дошол за пет-шест години и може да ни се случи реприза на она што се случи после Букурешткиот Самит.

Постојат повеќе гласини во јавноста околу целна на средбата во куќата на Жан Моне во Париз, една е гласината која се поврзува со решавање на спорот за името, друга е за евентуална амнестија на политички личности. Што очекувате да се случува на тие разговори?

Тоа е една модификувана верзија на она што веќе сме навикнати да го гледаме, се нарекува лидерски средби.

Зошто таму?

Веројатно заради попријатниот амбиент, веројатно за да биде малку подалеку од очите на домашната јавност. Правевме анализа на досегашните лидерски средби, една од основните работи е да не пуштат премногу информации во јавноста, кога не треба, затоа и се држи во таков тесен формат, меѓутоа мислам дека луѓето не се глупави, можат да проценат за што се работи, не треба да сте многу политички писмен да ви стане јасно, веројатно сето она што го кажавте како процеси ќе бидат договорени и утврдени, иако јас мислам дека предлозите за името се ставени на маса, веројатноста да биде Горна или Северна, дали пред или по Република ќе видиме што ќе се договори. Мислам и грчката страна претпоставувам дека е спремна да прифати таков компромис, меѓутоа она што го слушам е што мора да се направи е да се обезбеди внатрешна пацификација на политичкиот процес за да не дојде до големи турбуленции. Тоа најверојатно ќе биде направено со некакви концесии кон Груевски. Тој ќе остане доволно долго во ВМРО-ДПМНЕ за да го истера овој процес, таа што претпоставувам дека неговиот пролонгиран политички живот доаѓа од тука. Во таа смисла не ми се јасни овие излегувања пред Кривичен суд итн., иако добро јас не негирам дека тука може да има елемент на спонтаност, тоа не можам да го негирам никогаш до крај , како и да е она што се ќе се случува во куќата на Моне тоа е името, тоа е внатрешна пацификација на политичкиот процес, да нема никаков политички актер кој ќе направи проблем од тоа, ќе вади луѓе на улици за да може тоа да помине глатко и ние да влеземе барем во НАТО, а потоа да се разговара за ЕУ, кој знае може и тука да има некаков голем прогрес да се искористи тој прозорец на можности кој сите го увидуваат во моментот, го увидува и Грција се надевам.

Целото интервју со професор Ненад Марковиќ, може да го погледнете на видео снимката на почетокот на овој текст.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG