Достапни линкови

Груевски бара запирање на „политичкиот прогон“


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски

Безусловно запирање на сите процеси на политички прогон, безусловно стопирање на малтретирањата од страна на власта и итно пуштање на слобода на сите што се опфатени со класичниот политички прогон, побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на прес-конференција, по денешното апсење на 36 луѓе осомничени за насилствата во Собранието на 27 април. Меѓу уапсените е и поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, како и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е насилие на власта против секој кој мисли македонски. Во прашање е државата, ова не е правда, веќе законите и уставот не важат, ова е заробена држава“, рече Груевски.

Според него, со ова се прави пат за промена на името и идентитетот.

Груевски рече дека ова е „последен час кога треба да се реагира“.

Најави долга и тешка битка за слободата и слободната мисла на народот.

По прес-конференцијата, Груевски замина на протест пред Основниот суд Скопје 1, каде што трае распитот на осомничените. Пред судот протестираат стотина луѓе.

XS
SM
MD
LG