Достапни линкови

Путин го потпиша медиумскиот закон за "странските агенти"


Рускиот претседател потпиша закон со кој се овластува владата да ги назначи медиумските куќи кои добиваат средства од странство како "странски агенти

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се овластува владата да ги назначи медиумските куќи кои добиваат средства од странство како "странски агенти" и да воведат санкции против нив. Новиот закон беше објавен на интернет - порталот за официјални правни информации на Русија на 25 ноември.

Мерката беше едногласно усвоена во долниот и горниот дом на парламентот на 15 и 22 ноември. Неколку часа откако предлог-законот го усвои државната Дума, Министерството за правда испрати предупредување до неколку сервиси на Радио Слободна Европа.

Во писмата не е наведено со какви потенцијални ограничувања можат да се соочат, но законодавците велат дека наведените медиуми можат да бидат подложени на детални барања за финансиско известување и да мора да ги обележат објавените материјали дека доаѓаат од странски агенти.

РСЕ беше меѓу неколкуте медиуми кои руските официјални претставници ги предупредија дека би можеле да бидат етикетирани како странски агенти, список во кој исто така се и Гласот на Америка, Си Ен Ен и Дојче веле.

Меѓународната организација за човекови права "Амнести интернешенел" соопшти дека оваа легислативата ќе биде "сериозен удар" за слободата на медиумите во Русија, иако руските официјални лица изјавија дека нема да се применат во домашните медиуми.

Руските власти го нарекоа новиот закон "симетричен одговор" на она што го опишуваат како притисок на САД врз руските медиуми. На 13 ноември рускиот телевизиски канал РТ, е регистриран во САД под децениски стариот закон наречен Закон за регистрација на надворешни агенти.

Американскиот одел за правда на САД ова го побарал од РТ во јануари по објавувањето од страна на американските разузнавачки агенции дека РТ и руската новинска агенција „Спутник“ ширеле дезинформации како дел од напорите на руската влада да влијае врз претседателските избори во 2016 година.

РСЕ на 15 Ноември соопшти дека "ситуацијата во врска со руските медиуми во САД и американските медиуми во Русија останува многу нееднаква".

"РТ и Спутник слободно се дистрибуираат во САД, додека РСЕ ги изгуби партнерите во Русија поради административни притисоци и нема пристап до кабел", се вели во соопштението. Новинарите на РСЕ се предмет на вознемирување, па дури и физички напади во Русија".

Претседателот на РСЕ Томас Кент изјави:

„Не можем да шпекулираме во ова време за ефектите од овој закон, додека ни една медиумска организација не е специфично именувана како „странски агент“ и се додека рестрикциите за именуваните како такви не се се соопштени. Ние остануваме посветени на нашата новинарска работа во интерес на навремени и објективни вести за руската публика“

При посета на московското биро на РСЕ и ВОА на 17 ноември, американскиот амбасадор Џон Хантсман рече дека руското законодавство преставува "голема загриженост" за САД и дека "принципите на слободните медиуми во секое слободно општество и демократија се апсолутно критични за благосостојбата на тоа општество“

Меѓународната организација за човекови права "Амнести интернешенел" соопшти дека оваа легислативата ќе биде "сериозен удар" за слободата на медиумите во Русија, иако руските официјални лица изјавија дека нема да се применат во домашните медиуми.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG