Достапни линкови

Русија напредува кон ограничувањето на меѓународните медиуми


Архивска фотографија: Рускиот Совет на Федерацијата

Рускиот Совет на Федерацијата го донесе законот кој ќе ѝ овозможи на владата да ги прогласи медиумите финансирани од странство за „странски агенти“ и да воведе ограничувања за нив. Горниот дом на парламентот го донесе законот едногласно, со 154 гласови за и само еден воздржан. Законот сега ќе биде испратен до претседателот Владимир Путин, кој треба да го потпише за да стапи во сила.

Минатата недела законот беше донесен од Долниот дом. Претставникот на Путин во Думата рече дека администрацијата на претседателот го поддржува донесувањето на законот.

Руските пратеници тврдат дека ова е „реципрочен одговор“ на „притисокот“ на американските власти врз руските медиуми.

Сепак, САД и организациите за човекови права велат дека никој не ги ограничува руските медиуми да работат во САД, за разлика од рускиот закон кој може да воведе ограничувања.

XS
SM
MD
LG