Достапни линкови

Кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг слават „платинска“ годишнина


Кралицата Елизабета Втора и Принцот Филип.

Кралицата Елизабета Втора и Принцот Филип денеска ја прославуваат 70-годишнината од склучувањето на нивниот брак, со што станаа прва британска кралска двојка што доживеала „платинска“ годишнина. Со звуците на ѕвоната на Вестминстерската опатија во Лондон, каде што Елизабета и Филип се венчаа на 20 ноември 1947 година, беше означена 70-годишнината од нивниот брак. Кралицата Елизабета Втора има 91 година, а нејзиниот сопруг 96 години. Годишнината ја одбележаа на приватна прослава во нивниот дом во замокот Виндзор, западно од Лондон. Елизабета Втора е кралица од 1952 година по смртта на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, со што стана најдолговечниот британски владетел.


XS
SM
MD
LG