Достапни линкови

На еден од обвинетите за „насилстватa во Центар“ му е лошо, судот не дозволи одложување


Архивска фотографија: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и неговиот адвокат Никола Додевски пред Кривичниот суд во Скопје

Судот одлучи судењето против 14-те обвинети за „насилствата во Општина Центар“ да продолжи и покрај барањата на одбраната за одолжување.

Еден од обвинетите, Димче Крстев, побара одложување затоа што не се чувствувал добро. Поради отсуство на минатото рочиште, тој утринава во Основниот суд Скопје 1 беше спроведен со полиција.

Обвинителката Фатиме Фетаи побара издвојување на постапката за него на што судот се согласи со цел почнување на главната расправа. Крстев замина од судницата.

На тоа се противеше одбраната на останатите обвинети, која побара одложување на рочиштето за сите обвинети.

Инаку, Крстев нема адвокат затоа што на минатото рочиште неговата адвокатка Сања Алексиќ се откажала од застапување, односно побарала да не го брани.

Поранешниот премиер и лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој е еден од обвинетите, дојде на судењето.

XS
SM
MD
LG