Достапни линкови

Дезинформација, манипулација или политика со црквата во Центар


Цел ден траеа протестите против уривањето на црквата што е во градба во Центар, а никој ниту рекол, ниту имал намера да ја урива.

Неколку стотини луѓе протестираа денеска пред седиштето на општина Центар, противејќии се на уривање на црквата Св.Констатин и Елена, а никој од надлежните во општина Центар не рекол дека ќе се урива.
Според оние што протестираа, ако се донесе Деталниот урбанистички план, општината ќе ја урнела црквата која е во градба. Додека во општинските простории се чекаше почетокот на дебата за урбанистичкиот план, на која присуствуваа и членови на групата што протестираше, пред општината, стотици луѓе чекаа одговор.

На моменти тензијата се зголемуваше, беа искршени неколу прозорци, а вработените во општината ставаа барикади на ѕидовите.
Пред влезот стоеа униформирани полицајци, а целата зграда е беше обиколена со припадници на специјалните единици.
Припадници на групата што протестира легитимираат и новинари и им забрануваат да си ја вршат работата.

Жерновски и Шиповиќ ги демантираат шпекулациите за уривање

Претходно претседателот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ за Радио Слободна Европа изјави дека и да се донесе нов урбанистички план, изградбата на црквата нема да запре.

Опсадата, што почна од самото мое доаѓање на функцијата, денеска кулминираше изјави градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновки. Тој додаде дека сите објекти кои се во изградба меѓу кои и црквата св.Коснстатин и Елена ќе продолжат да се градат. Жерновски рече дека луѓето кои што денеска протестираат пред општината се изманипулирани од владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека ова сакал да им го каже и на демонстраните но полицијата го советувала да не го направи тоа затоа што не е безбедно. Наместо него, на демонстрантите им се обрати претседателот на советот Мирослав Шиповиќ, но демонстрантите не го прифатија неговато објаснување.

МВР нема намера да спречува протести

Министерството за внатрешни работи информира дека нема основа да им забрани на граѓаните да го искажуваат својот револт заради, како што стои во дописот, најавите за уривање на црквата „Свети Константин и Елена“.
- МВР имало и ќе има еднаков и неселективен пристап кон сите поединци и институции во државата и максимално коректно и професионално во сите случаи се ангажира во рамки на своите законски ингеренции. Впрочем, тоа го знае и градоначалникот и неговите блиски, а сега функционери во општината, кои како тогашни новинари во А1 Он или во својство на заинтересирани граѓани, на 12
екември 2012 година се обидуваа да упаднат на седницата на Советот на општината, обвинувајќи ги полициските службеници дека тие немаат право да им забранат присуство, пишува во реакцијата на МВР.

Неколкумина амбасадори во посета на општина Центар

Амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет и амбасадорите на Холандија Мариет Шурман и на Италија Фабио Кристијани од градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски се запознаа со денешните инциденти кои ги предизвика поголема група граѓани, кои што за себе велеа дека спонтано се собрани во одбрана на цркввата и верата.
Жерновски ги запозна амбасадорите дека граѓаните, од кои поголем дел не се од општина Центар се изманипулирани бидејќи на денешната седница на советот на општина Центар воопшто немаше точка за уривање на некаков објект па ниту на црква.
Градоначалникот на Центар ги извести амбасадорите дека иако уште изутрината полицијата била уредно известена дека се најавуваат поголеми протести и дека се можни инциденти, полицијата не превзела соодветни мерки.
XS
SM
MD
LG