Достапни линкови

Вучиќ: нема да има вонредни парламентарни избори


Претседателот на Србија и лидер на СНС Александар Вучиќ,

Претседателот на Србија и лидер на СНС Александар Вучиќ, на денешната седница на Главниот одбор на партијата, одлучија да се одржат само редовните избори за градот Белград.

"Мој предлог за вас е да и соопштиме на јавноста да имаме само редовни градски избори, а на парламентарните избори ќе одиме кога ќе им дојде редот.т", изјави лидерот на СНС Александар Вучиќ.

Тој објасни дека оваа одлука можеби не е во интерес на партијата, но е во најдобар интерес на државата. Во аргументите против одржување на вонредни парламентарни избори тој ги наведе преговорите со Косово, фискалната дисциплина, застој на реформите, како и дека премиерката Ана Брнабиќ и првиот собраниски спикер Маја Гојковиќ ја имаат неговата поддршка и нема потреба за избирање нови личности за нивните места.

Лидерот на СНС ги наведе и притисоците од странство за седењето на две столчиња, одговарајќи дека Србија може да седи само на своето столче.

XS
SM
MD
LG