Достапни линкови

Туск-напредок во разговорите за Брегзит до почетокот на декември


Архивска фотографија-претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска рече дека на Британците им дал рок најдоцна до почетокот на декември да почнат да напредуваат во првата фаза за излегување од Европската унија за да може да се прејде на другата фаза од разговорите за идните односи меѓу двете страни, јавуваат агенциите. Туск го Гетеборг рече дека ЕУ на самитот идниот месец ќе одобри преминување на втората фаза од преговорите ако Велика Британија направи дополнителен напредок во решавање на прашањето за границата со Ирска и финансиските обврски кон ЕУ.

Британската премиерка Тереза Меј претходно денеска изрази надеж дека унијата позитивно ќе одговори на нејзината понуда за брегзит. Меј и Туск денеска беа во Гетеборг каде што учествуваа на самит посветен на социјални прашања.

Инаку преговорите од првата фаза се однесуваат на постигнување договор за три прашања-судбината на европските државјани во Велика Британија и Британците во ЕУ по брегзитот, границата со Ирска и финансиите. Втората фаза се однесува на идната трговска унија меѓу Велика Британија и ЕУ, а конечниот договор за тоа се предвидува дека ќе се случи меѓу декември 2017 и пролетта 2018 година. Потоа спогодбата би требало да се финализира до октомври 2018 година, по што ќе остане период од шест месеци, до март 2019 година, во кој би требало да се заврши ратификацијата во земјите членки на ЕУ.

XS
SM
MD
LG