Достапни линкови

Стотици загинати во земјотрес на границата меѓу Ирак и Иран


Загинати и ранети во земјотрес на границата меѓу Иран и Ирак
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Загинати и ранети во земјотрес на границата меѓу Иран и Ирак

Силен земјотрес во близина на ирачко-иранската граница однесе стотици човечки животи, додека илјадници се повредени. Земјотресот со сила од 7,3 степени се почувствувал од Турција до Кувајт.

Епицентарот на земјотресот, според Американскиот геолошки институт, бил околу 32 километри од иранскиот град Халабџа на длабочина од 34 километри.

Се наведува дека со земјотресот биле погодени 14 ирански провинции.

На социјалните медиуми се шират видеа за тоа како граѓаните бегаат од своите куќи, посебно во градот Касре Ширин, на границата со Ирак кој претпаел огромни штети. Се наведува дека под урантините имало луѓе.

Иранската новинска агенција ИРНА јавува дека властите страхуваат оти бројот на загинатите и повредените би можело да биде поголем.

Моџтаба Никердар, заменик гуверенер на иранската западна провинција Керманшах, за државната телевизија изјави дека имало загинати во 40 села, но оти ќе треба време за да се утврди за колкав број станува збор.

„Се уште има луѓе под урнатините. Да се надеваме дека бројот на загинатите и повредените нема да биде многу голем“, изјави тој.

Од земјотресот многу села останале без електрична енергија и вода за пиење.

Иранскиот претседател Хасан Рохани побара од Mинистерството за внатрешни работи да преземе максимум напори за помош на погодените.

Жртви имало и во Ирак, главно во Курдистан, иако засега нема официјални потадоци за тоа.

Ирачките новински агенции прикажаа слики на разуранти згради во околината на градот Сулејманија во Курдистан, наведувајќи дека имало над 50 повредени луѓе.

Земјотресот беше почувствуван и во иранскиот главен град Техеран, како и во ирачкиот главен град Багдад.

Исто така и жителите на југозападна Турција, на Израел и на Кувајт велат дека го почувствувале потресот.

Иран се наоѓа во интензивно трусно подрачје и често пати е погодуван од катастрофални земјотреси.

Во потресот што го погоди Иран во 2003 година со сила од 6,6 степени загинаа околу 26 илјади луѓе, а беше уништен историскиот град Бам.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG