Достапни линкови

Трамп очекува средба со Путин за време на азиската турнеја


Американскиот претседател Доналд Трамп со неговата сопруга пристигнува во американската база во Токио.

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Јапонија, при што за време на летот до земјата на новинарите им соопштил дека тој очекува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во текот на неговата 12 дневна турнеја низ Азија.

Тој истакна и дека сака помош од Путин за Северна Кореја и дека ќее оствари средба со многу различни лидери. Според него, Северна Кореја е голем проблем за САД и за светот и тој сака негово решавање. Трамп ќе ја посети и Јужна Кореја, Кина, Виетнам и Филипините. Северна Кореја веројатно ќе биде главната тема на разговор на средбата на Трамп со јапонскиот премиер Шинзо Абе.

XS
SM
MD
LG