Достапни линкови

Засилени безбедносни мерки пред маратонот во Њујорк


Полицијата од Њујорк на местото на нападот во Менхетен на 31 октомври кога камион влета во толпа луѓе.

Американската полиција соопшти дека маратонот кој треба утре да се одржи во Њујорк ќе биде обезбеден на највисоко ниво досега. Повеќе од 50 илјади тркачи и илјадници гледачи се очекува да присуствуваат на маратонот долг околу 26 милји, неколку дена по смртоносниот напад во Менхетен при кој загинаа 8 лица.

Според полицијата, во обезбедување на настанот ќе бидат вклучени и дополнителни униформирани патролни службеници и полицајци во цивилна облека, како и тимови на антитерористички единици, тренирани кучиња за откривање на експлозивни направи и снајперисти. Полицијата посочи и дека нема информации за некаква закана против маратонот.

XS
SM
MD
LG