Достапни линкови

ОБСЕ/ОДИХР - Демократски избори со почитување на темелните слободи


Прес конференција на ОБСЕ/ОДИХР за вториот круг од локалните избори, 30, 10, 2017.

Вториот круг на локалните избори беше конкурентен и одржан во опкружување што ги почитува темелните слободи, иако недостатоците остануваат, соопштија денеска набљудувачите на изборите од ОБСЕ/ОДИХР во Скопје. Денот на изборите генерално беше професионално менаџиран, заклучија набљудувачите.

Почитуањето на темелните слободи придонесе да се спроведат демократски ибори во Македонија, е заклучокот на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР во прелиминарниот извештај.

Шефицата на мисијата на ОДИХР за набљудување на изборите, амбасадорката Одри Гловер, на денешната прес-конференција изјави дека политичките партии се бореле за поддршка и надвор од своите традиционални бази на поддржувачи, иако повремено користеле агресивна реторика, а оти имало и извештаи за изолирани инциденти или злоупотреба на државни ресурси и купување гласови.

Таа истакна дека и покрај недоволната обука обезбедена за избирачките одбори, денот на изборите севкупно бил професионално менаџиран.

„Законската рамка претставува солидна основа за спроведување на демократски избори. Иако повеќето одредби од Изборниот законик се применуваат во вториот круг, законот не регулира јасно определени аспекти“, рече Гловер.

Таа за Изборниот законик рече дека во него не е предвидено ажурирање на избирачките спиоци меѓу двата круга, со што гласачите што во меѓувреме наполниле 18 години се лишени од можноста да го остварат правото на глас.

„Иако Државната изборна комисија ја зголеми транспарентноста на своето работење меѓу двата круга, таа не испланира соодветно дополнителни обуки, едукација на гласачите и финасиска поддршка за општините чии буџетски сметки се блокирани. Избирачките одбори сепак генерално добро функционираа на денот на изборите“, рече амбасадорката Гловер.

На новинарски прашања за непризнавањето на изборните резултати и обвинувањата за изборни нерегуларности од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Гловер рече дека доколку партијата смета дека постојат некакви прекршувања, тие треба да бидат проследени од соодветните институции.

„Во однос на наводите ќе кажам дека тоа се наводи, бидејќи ниту нашите долгорочни набљудувачи, ниту краткорочните, ниту некој од нас кои бевме на терен и го набљудувавме изборниот процес, немаше никакви насилства. Така што ако постојат наводи за насилство, што се однесува до нас во моментов се чини дека тоа се наводи“, рече Гловер.

Во однос на работата на медиумите, беше истакнато дека обезбедиле балансирано покривање на учесниците кое било засенето со негативното рекламирање во кампањата.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG