Достапни линкови

Груевски - ВМРО-ДПМНЕ не ги признава изборите


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва на прес-конференција рече дека согласно со одлуката на извршниот комитет на партијата не ги признава овие избори, што предизвика аплауз од присутните во централното седиште на партијата.

Тој постави седум услови: организирање на предвремени парламентарни избори согласно пржинскиот договор кои ќе бидат организирани од техничка влада, смена на директорот на Агенцијата за аудио визуелни и медиумски услуги, оставка на претседателот на ДИК, а и двете институции да ги водат кадри по предлог на опозицијата, истрага за наводите за нелегално прислушување од УБК на функционери од ВМРО-ДПМНЕ, завршување на случајот Поткуп во кој е осомничен претседателот на СДСМ Зоран Заев, формирање на Специјално јавно обвинителство кое ќе ги истражува изборите во 2016 година и во 2017 година и итно ослободување на лицата што се во притвор и прекинување на истрагите за крвавите настани на 27 април во Собранието.

„Ајде да видиме кој е за демократија, правда и слобода, кој е силен, а кој не е силен, кој е во право, а кој не е. Ако Заев има барем минимум човечко достоинство треба веднаш и без одлагање да ги прифати сите овие седум точки “ рече Груевски.

Ова следуваше откако повеќе од половина час тој ги набројуваше сите нерегуларности кои, како што тврди, се случиле на изборите и во кои активно учествувала полицијата.

XS
SM
MD
LG