Достапни линкови

Гласањето заврши - оценките различни

Локални избори втор круг
Локални избори втор круг

Вториот круг од локалните избори според информациите од невладините организации и институциите помина во фер и демократска атмосфера со помали нарушување на гласачкиот процес и изолирани инциденти. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски обвини за недемократска атмосфера и системски закани и уцени.

Заврши трката за глас повеќе во 35-те општини во кои денеска се гласаше во вториот круг на локалните избори. Избирачките места беа отворени од 7 до 19 часот, а во текот на денот стигнаа извештаи од неколку организации за прекршувања на гласачките права и обвинување од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за „недемократска атмосфера и системски закани и уцени врз граѓаните“.

На прес конференцијата доцна попладнево Државната изборна комисија сооошти дека излезноста до 17 часот била 43,83 отсто, што е помала од првиот изборен круг кога до истиот временски период изнесуваше 49,14 проценти. Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска информираше дека најголема излезност до 17 часот имало во општина Демир Капија, 76,59 отсто, а најмала во Шуто Оризари, 31,76 отсто.

Таа соопшти и дека поради проблеми со УВ ламбата гласањето било прекинато на половина час во избирачки места во Шуто Оризари и во Бутел, но потоа продолжило.

Случаи на семејно гласање, фотографирање ливчиња

Претходно министерството за внатрешни работи информираше дека регистрирале три случаи на фотографирање на гласачко ливче и тоа во општините Шуто Оризари, во Црниче и во Пробиштип.

„Забележано е и едно нарушување на јавниот ред и мир во општина Шуто Оризари каде што едно лице пријавило дека било нападнато од неколку други лица. Полицијата привела едно лице и работи на расчистување на случајот“ рече портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Граѓанската асоцијација Мост на неколку одделни прес-конференции информираше за нерегуларности. Во Демир Капија имало поголем број лица кои гласале со придружба, во Шуто Оризари имало случаи на семејно гласање и а и случај кога членови на избирачки одбори им помагале и им укажувале на гласачи како да гласаат. Случаи на семејно гласање тие нотираа и во гласачко место во општина Долнени. Во Чаир, пак, гласач фотографирал гласачко ливче по што била повикана полиција, а гласањето кратко прекинато. Се јавува за слично нарушување на изборниот процес и во Кисела Вода. Асоцијацијата која го следеше денешното гласање со 2.917 набљудувачи информира и за проблеми со мастило и УВ ламби на неколку гласачки места.

Од невладината организација Цивил која исто така имаше набљудувачи информираа за три случаи на притисок врз нивните тимови во општините Штип, Кавадарци и Сарај. Џабир Дерала на прес-конференција информира дека одлучиле да ги повлечат своите набљудувачи од село Ласкарци, општина Сарај, во кое и на првиот изборен круг се нотирани изборни нерегуларности. И тие нотираат семејно гласање во Студеничани и Липково, како и кршење на изборен молк во Пробиштип.

Фотогалерија: Локални избори 2017 - Втор круг гласање

Гласањето во вториот круг од локалните избори во Македонија, според ДИК, почна навреме и без проблеми. Во овој втор круг, за градоначалничката функција во 35 општини се натпреваруваат 70 кандидати.
1/11 Гласањето во вториот круг од локалните избори во Македонија, според ДИК, почна навреме и без проблеми. Во овој втор круг, за градоначалничката функција во 35 општини се натпреваруваат 70 кандидати.
Вториот круг се спроведува на 1.517 избирачки места каде што право на глас имаат 833.710 граѓани, што претставува 46 проценти од запишаните гласачи во Избирачкиот список.
2/11 Вториот круг се спроведува на 1.517 избирачки места каде што право на глас имаат 833.710 граѓани, што претставува 46 проценти од запишаните гласачи во Избирачкиот список.
Од вкупно 10 скопски општини, втор круг има во шест и тоа во Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир, Сарај и Шуто Оризари. Во овие општини право на глас имаат 260.194 граѓани, кои ќе гласаат на 387 избирачки места.
3/11 Од вкупно 10 скопски општини, втор круг има во шест и тоа во Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир, Сарај и Шуто Оризари. Во овие општини право на глас имаат 260.194 граѓани, кои ќе гласаат на 387 избирачки места.
Покрај во скопските општини, се гласа уште и во 29 општини во Македонија, каде според избирачкиот список можат да гласаат 573.616 граѓани на 1.130 избирачки места.
4/11 Покрај во скопските општини, се гласа уште и во 29 општини во Македонија, каде според избирачкиот список можат да гласаат 573.616 граѓани на 1.130 избирачки места.
Имајќи предвид дека Избирачкиот список за овие локални избори е заклучен пред одржувањето на изборите, лицата што ги немало во изводите од Избирачкиот список на првиот круг на 15 октомври, нема да може да го искористат правото на глас и на вториот круг од изборите.
5/11 Имајќи предвид дека Избирачкиот список за овие локални избори е заклучен пред одржувањето на изборите, лицата што ги немало во изводите од Избирачкиот список на првиот круг на 15 октомври, нема да може да го искористат правото на глас и на вториот круг од изборите.
Според Упатството на ДИК, постапката и начинот на гласање е ист како и досега, но различно е тоа што сега во овие 35 општини ќе се гласа само на едно избирачко ливче, само за градоначалник.
6/11 Според Упатството на ДИК, постапката и начинот на гласање е ист како и досега, но различно е тоа што сега во овие 35 општини ќе се гласа само на едно избирачко ливче, само за градоначалник.
Ако на гласачот му е нарушено избирачкото право, тоа може да го пријават до Државната изборна комисија и до набљудувачите на изборите. На располаѓање се и канцелариите на Народниот правобранител и на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
7/11 Ако на гласачот му е нарушено избирачкото право, тоа може да го пријават до Државната изборна комисија и до набљудувачите на изборите. На располаѓање се и канцелариите на Народниот правобранител и на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Сите седум канцеларии на Народниот правобранител ќе бидат отворени за вториот круг од изборите, за да им се помогне на граѓаните во остварувањето и заштитата на нивните права.
8/11 Сите седум канцеларии на Народниот правобранител ќе бидат отворени за вториот круг од изборите, за да им се помогне на граѓаните во остварувањето и заштитата на нивните права.
Според изборниот законик, избирачот може само еднаш да гласа. Гласањето се врши тајно, зад параван, а заокружувањето треба да биде со сино пенкало. Забрането е фотографирање и снимање на избирачкио материјали и на избирачите додека гласаат.
9/11 Според изборниот законик, избирачот може само еднаш да гласа. Гласањето се врши тајно, зад параван, а заокружувањето треба да биде со сино пенкало. Забрането е фотографирање и снимање на избирачкио материјали и на избирачите додека гласаат.
Гласањето на 1.517-те избирачки места во 35 општини каде што се спорведува вториот круг од локланите избори до 10 часот се одвива непрекинато и без повреди, а гласачките места се отворени навреме, соопшти на првата прес-конференција Државната изборна комисија (ДИК).
10/11 Гласањето на 1.517-те избирачки места во 35 општини каде што се спорведува вториот круг од локланите избори до 10 часот се одвива непрекинато и без повреди, а гласачките места се отворени навреме, соопшти на првата прес-конференција Државната изборна комисија (ДИК).
Сите гласачки места на вториот круг од локалните избори каде се избираат градоначалници се отворени навреме, гласањето оди тековно и досега нема информции за какви било неправилности, информираа на денешната прва прес-конференција од Граѓанската асоцијација МОСТ.
11/11 Сите гласачки места на вториот круг од локалните избори каде се избираат градоначалници се отворени навреме, гласањето оди тековно и досега нема информции за какви било неправилности, информираа на денешната прва прес-конференција од Граѓанската асоцијација МОСТ.
Previous slide
Next slide

Груевски- недемократска атмосфера и системски закани

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој денеска гласаше во општината Кисела Вода обвини за, како што рече, недемократска атмосфера и системски закани и уцени врз граѓаните.

„Колку што имаше нерегуларности во првиот круг на гласањето, тие уште повеќе се зајакнаа во вториот круг. Претежно се манифестираат во две форми: масовен поткуп на граѓаните како никогаш досега во Македонија и закани, притисоци и уцени врз луѓето, претежно кон наши активисти од страна на СДСМ“, изјави Груевски по гласањето.

На секои избори, нагласи тој, имало поплаки од разни закани, притисоци, застрашувања, но овојпат тоа било многуструко зајакнато. Груевски тврди дека луѓето отворено се уценувале со губење работа, особено администрацијата, со кривични пријави, недобивање субвенции и друго.

Биљал Касами, претседател на движењето Беса кој е кандидат за градоначалник на Тетово по гласањето рече дека тие се залагаат овие избори да бидат фер и демократски за сите граѓани да имаат можност да го искажат својот револт за она што е ветено, а не е реализирано.

„Ние сме убедени дека во Тетово ќе дојдат промените и оти доаѓа нова власт што ќе работи во служба на сите тетовци без разлика на припадноста. Се надеваме дека веќе од вечерва, односно од утре, во локалната власт ќе дојдат нови луѓе кои пред да мислат за себе, повеќе ќе мислат за граѓаните и кои ќе реализираат проекти што се во служба на сите граѓани, изјави Касами.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, пак, денеска не гласаше оти во Струмица нема втор круг.

Претседателот на Собранието Талат Џафери по гласањето во Форино гостиварско рече дека го радувал фактот дека атмосферата била мирна и што граѓаните имале можност да гласаат европски.

„Тоа е придобивка на политичкиот систем во Република Македонија со која граѓаните слободно ја изразуваат нивната слободна волја. Во тој контекст сакам да им честитам на граѓаните за нивниот однос и на претендентите што ќе ја добијат нивната доверба“, изјави Џафери.

Во вториот круг од локалните избори за градоначалничката функција во 35 општини се натпреварува 70 кандидати. Од вкупно 10 скопски општини, втор круг имаше во шест и тоа во Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир, Сарај и Шуто Оризари. Интересни битки за глас повеќе пред вториот круг се водеа за Штип, Струга, Тетово и Гостивар.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

This item is part of
XS
SM
MD
LG