Достапни линкови

Цивил: Гласањето мирно, но со неколку нерегуларности


Набљудувачите на Цивил бележат мирен и навремен почеток на изборниот ден во 35-те општини каде што се спроведува вториот круг од локалните избори.Исклучок е избирачкото место 2433, во ОУ „Витуриа“, во општина Сарај, кое било затворено до 8:30 часот. Сепак, наспроти мирниот и регуларен почеток на изборниот ден, набљудувачите на Цивил доставија и пет извештаи за нерегуларности. Во с. Трубарево, општина Гази Баба, се нотира кршење на изборниот молк и агитирање од изборен штаб на една политичка партија .Од набљудувачите во општина Шуто Оризари забележан е организиран превоз кој го врши поранешен заменик министер. Исто така во Шуто Оризари, во училиштето „26 Јули“, се нотираат два случаи на семејно гласање. Набљудувачите на Цивил информираат и за еден случај на фотографирање на гласачкото ливче. Лицето било фатено на дело и приведено од полицијата.

XS
SM
MD
LG