Достапни линкови

Разговори за нуклеарната програма во Техеран


Шефот на нуклеарното надзорно тело на ОН Јукија Амано, пристигна во Техеран на разговори со високи ирански официјални лица. Амано, генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, ќе се фокусира на верификација на договорот и неговото спроведување од страна на Иран од 2015 година, се вели во соопштението од Агенцијата. Посетата се случува во време на затегнати односимеѓу Вашингтон и Техеран во врска со одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за неусогласеност на Техерансо нуклеарниот договор меѓу Иран и шесте светски сили. Трамп неодамна го нападна Иран како "непријателски режим" и се закани дека ќе се откажат од договорот ако она што тој ги нарекува "сериозни пропусти" не се решат. Тој остро го критикуваше Техеран, во делот за неговите континуирани тестирања на балистички проектили и неговата поддршка за екстремистите во Блискиот Исток. Американскиот Конгрес сега има помалку од 60 дена да одлучи дали ќе ги активира економските санкции врз Техеран кои беа укинати согласно со договорот. Во договорот потпишан во 2015 договорот, потпишан за време на претседателствувањето на Барак Обама, Техеран се согласи да ги намали своите нуклеарни активности во замена за ослободување од меѓународните санкции. Другите потписници на договорот се Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија.

XS
SM
MD
LG