Достапни линкови

Во Куманово гласањето се одвива без проблеми


илустрација

На територијата на најголемата локална самоуправа во Македонија - Куманово, точно во 7 часот без никакви пречки беа отворени сите 167 избирачки места. Право на глас имаат 92 илјади и 639 гласачи. Според претседателот на ОИК Ѕвонко Николовски гласањето за сега се одвива нормално и не се забележани нерегуларности.

И во општината Старо Нагоричане на време биле отворени 37 гласачки места на кои своето право можат да го остварат три илјади и 428 избирачи, информира Драган Јовановски од ОИК.

Во општината Липково 25 илјади и 70 граѓани се регистрирани за гласање, а своето право ќе го остварат на 37 избирачки места. Вчера гласале 19 болни.

XS
SM
MD
LG