Достапни линкови

БЛОГ: Македонија избираше градоначалници и советници

СДСМ прогласи победа во над 40 општини на локалните избори. Нивните членови и активисти слават во Скопје и во други градови.

ВМРО-ДПМНЕ оцени дека изборите поминале со бројни нерегуларности во нефер атмосфера.

ДИК - Демократски и фер избори без инциденти

МВР - Изборите поминаа мирно, без сериозни нарушувања на јавниот ред и мир.

МОСТ - Да се утврди дали институциите соодветно реагирале за изборните неправилности

Цивил - Слободни избори со голем број помали нерегуларности

Алијанса за Албанците - Изборите поминаа добро, со помали неправилности

Зијадин Села, лидер на Алијансата на Албанците
Зијадин Села, лидер на Алијансата на Албанците

Шефот на изборниот штаб на Алијансата за Албанците, Елми Азири, изјави дека денешните избори поминале добро, со помали неправилности, што не го загрозиле изборниот процес. Додаде дека резултатите ја поставиле Алијансата за Албанците како втора политичка партија на Албанците во Македонија и во албанскиот политички блок.

Реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од Груевски

Александар Михајловски, координатор на Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ
Александар Михајловски, координатор на Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ

Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ вечерва упати порака до лидерот на партијата Никола Груевски да поднесе оставка и да овозможи демократски процес во партијата и одржување демократски конгрес на кој членовите слободно ќе го изберат својот нов лидер.

СДСМ прогласи победа, ВМРО-ДПМНЕ се жали на нерегуларности

СДСМ прогласи победа, ВМРО-ДПМНЕ се жали на нерегуларности
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:57 0:00

СДСМ прогласи победа во над 40 општини

СДСМ заедно со коалиционите партнери победи во повеќе од 40 општини во Македонија, рече претседателот на изборниот штаб на СДСМ, Миле Зечевиќ, вечерва на прес-конференција во партиското седиште

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG