Достапни линкови

СДСМ прогласи победа во над 40 општини на изборите


Симпатизери и поддржувачи на СДСМ во партиското седиште во Скопје

СДСМ заедно со коалиционите партнери победи во повеќе од 40 општини во Македонија, рече претседателот на изборниот штаб на СДСМ, Миле Зечевиќ, вечерва на прес-конференција во партиското седиште.

„Со оваа победа СДСМ и коалицијата ќе ги заокружат промените во Македонија. Овој ден е празник за демократијата и пример за мирно и слободно изразување на правото на глас на секој граѓанин“, рече Зечевиќ.

Тој ги повика симпатизерите и граѓаните да им се придружат на прославата на победата пред зградата на Владата во Скопје, каде се очекува да се обрати и премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

XS
SM
MD
LG