Достапни линкови

БЛОГ: Македонија избираше градоначалници и советници

СДСМ прогласи победа во над 40 општини на локалните избори. Нивните членови и активисти слават во Скопје и во други градови.

ВМРО-ДПМНЕ оцени дека изборите поминале со бројни нерегуларности во нефер атмосфера.

ДИК - Демократски и фер избори без инциденти

МВР - Изборите поминаа мирно, без сериозни нарушувања на јавниот ред и мир.

МОСТ - Да се утврди дали институциите соодветно реагирале за изборните неправилности

Цивил - Слободни избори со голем број помали нерегуларности

Груевски - недемократски избори, следните чекори по изборите

Изборниот ден помина во недемократска атмосфера, а и изборната кампањата се одвиваше во нефер услови, рече вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

МОСТ - Да се утврди дали институциите соодветно реагирале за изборните неправилности

Дарко Алексов
Дарко Алексов

Според информациите добиени од над 2.500 набљудувачи на МОСТ кои беа распоредени на речиси 50 проценти од избирачките места во Република Македонија утврдено е непочитување на постапката на гласање и реакција од страна на избирачките одбори, изјави на завршната прес-конференција извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов.

Цивил - Слободни избори со голем број помали нерегуларности

Џабир Дерала, претседател на невладината организација Цивил
Џабир Дерала, претседател на невладината организација Цивил

Граѓанската организација Цивил оцени дека денешните локални избори биле слободни со голем број помали нерегуларности и низа проблеми коишто се однесуваат на работата на изборната администрација.

СДСМ најави водство и извесна победа во над триесет општини

СДСМ и коалицијата имаат водство и извесна победа во прв круг во Аеродром, Берово, Битола, Богданци, Босилово, Бутел, Валандово, Вевчани, Велес, Гевгелија, Градско, Дебарца, Делчево, Дојран, Ѓорге Петров, Карбинци, Карпош, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Ново Село, Охрид, Струмица, Центар, Василево, Делчево, Кривогаштани, рече вечерва пратеничката Ивана Туфегчиќ на прес-конференција во партиското седиште во Скопје.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG