Достапни линкови

Реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од Груевски


Александар Михајловски, координатор на Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ

Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ вечерва упати порака до лидерот на партијата Никола Груевски да поднесе оставка и да овозможи демократски процес во партијата и одржување демократски конгрес на кој членовите слободно ќе го изберат својот нов лидер.

Александар Михајловски од реформаторското крило на ВМРО-ДПМНЕ упати и порака до СДСМ да се воздржи и вистински да ја практикува демократијата без реваншизам кон членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Времето на груевизмот во ВМРО-ДПМНЕ и во Република Македонија заврши“, истакна Михајловски, посочувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ претрпе значителен пораз на изборите.

XS
SM
MD
LG