Достапни линкови

Прекршочни постапки против телевизиите „Алфа“, „Компани 21-М“ и „Стар“


Прекршочни постапки против телевиизите „Алфа“, „Компани 21-М“ и „Стар“ поведе Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги врз основа на извештаите од извршениот мониторинг на изборното медиумско претставување за време на изборната кампања, во согласност со Изборниот законик.

Прекршочна постапка против ТВ „Алфа“ е поради необезбедување избалансирано покривање на локалните избори 2017, во вкупната програма, во првите десет дена од изборната кампања.

ТВ „Компани 21-М“ и ТВ „Стар“, пак, емитувале платено политичко рекламирање во посебни информативни програми.

XS
SM
MD
LG