Достапни линкови

САД и Турција го прекинаа меѓусебното издавање на неимигрантски визи


Амбасадата на САД во Анкара, Турција

Амбасадата на САД во Турција соопшти дека ја прекинува работата на своите служби за издавање неимигрантски визи во своите американски дипломатски претставништва во Турција, а како причина е наведено дека Анкара мора да ја „преразгледа“ својата посветеност околу безбедноста на американскиот дипломатски персонал. Таквата одлука е донесена по неодамнешното апсење на еден член на персоналот од американскиот конзулат во Турција. Анкара соопшти дека ќе го прекине издавањето неимигрантски визи за Американци, но тие рестрикции ќе бидат построги. На почетокот од минатата недела еден член на персоналот од американскиот конзулат во Истанбул беше уапсен врз основа на обвинение дека е поврзан со муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој долги години живее во егзил во САД, а Анкара го обвинува за минатогодишниот неуспешен обид за пуч.

XS
SM
MD
LG