Достапни линкови

Групи мигранти спречени да влезат од Турција во Бугарија


Илустрација - припадници на турските безбедносни сили.

Припадници на турската жандармерија спречија обид на три групи мигранти за илегален премин од Турција во Бугарија, јави Анадолија,

Во извештајот е наведено дека во западниот округ Киркларели се приведени околу 50 мигранти од Авганистан и Сирија, кои со организиран превоз требало да заминат за Бугарија, а од таму кон некоја од западноевропските земји. Мигрантите биле откриени во реонот на преминот Дереќој на турско-бугарската граница, по што се префрлени во Центар за прием на бегалци.

XS
SM
MD
LG