Достапни линкови

Јанева - Се анализираат материјалите од претресите кај Панчевски


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева

СЈО ги анализира материјалите земени при вчерашните претреси во канцелариите и домовите на лицата кои се сомничат за оддавање службена тајна, изјави денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Прашана дали земените податоци од кај поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски покажуваат дека биле изнесувани информации за претседателот Ѓорге Иванов пред неговата одлука за аболиција, Јанева рече дека не може да коментира зашто уште се анализираат.

Посочи дека со асистенција на МВР синоќа е извршен претрес на домовите на три лица за кои имале наредби, како и личен претрес на Панчевски.

„Мислам дека тоа што го баравме и најдовме во домовите го земавме. Дали е сè што е потребно не можам да кажам“, рече Јанева.

Таа денеска присуствуваше на расправата „Двојба во корист на обвинетиот - виновен надвор од разумно сомневање“ во организација на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија и ОБСЕ Мисијата во Скопје.

XS
SM
MD
LG