Достапни линкови

СЈО врши претрес во канцеларијата на судијата Панчевски


Владимир Панчевски, поранешен претседател на Кривичниот суд

Специјалното јавно обвинителство во рамки на една од своите предистражни постапки врши претреси во Основниот суд Скопје 1.

Од СЈО потврдија дека претреси се вршат во канцелариите на судијата Владимир Панчевски, поранешен претседател на Кривичниот суд и кај уште двајца вработени во судот.

Според првичните информации тие се сомничат за оддавање службена тајна.

Дел од медиумите објавија дека се вршат претреси и во домовите на осомничените.

XS
SM
MD
LG