Достапни линкови

Хојт Ји - Утврдување на одговорноста за прислушувањето е важно за членство во НАТО и ЕУ


Заменик-помошник државниот секретар на САД, Хојт Брајан Ји

Многу е важно да се утврди одговорноста за нелегалното прислушување и за наводните владини злоупотреби во врска со прислушувањето. Тоа ќе биде клучен чекор за Македонија да ги увери НАТО, ЕУ и другите меѓународни партнери дека е подготвена да се интегрира во тие организации, истакна заменик-помошник државниот секретар на САД, Хојт Брајан Ји, во интервју за емисијата 360 степени на ТВ Алсат-М.

Клучно за иднината на Македонија, според него, е и да се направат потребните судски реформи.

„Тоа е важно за граѓаните, за интеграцијата во НАТО и ЕУ, но и за привлекување странски инвеститори“, вели Ји.

XS
SM
MD
LG