Достапни линкови

Коѕијас: Зад прашањето со името се крие проблемот со иредентизмот


Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Попоски и Никос Коѕијас.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервју за националната телевизија ЕРТ изјави дека треба да се почекаат изборите во октомври и да се види дали новата Влада во Скопје ќе ја зацврсти својата позиција со цел да можат да влезат во посериозни преговори за решавање на прашањето за името. Според Коѕијас, зад прашањето со името се крие и проблемот со иредентизмот и порача дека од нивна страна ќе бидат преземени мерки за негово ограничување За тоа, како што посочува, во Њујорк разговарал и со неговиот македонски колега Никола Димитров.

„Се договоривме да формираме заедничка комисија од ноември годинава, која во рок од четири месеци ќе треба да си ја заврши својата работа - отстранување на иредентизмот од учебниците и географските карти во нив. Тоа е многу важен чекор, а следуваат и други чекори за кои веќе разговараме“, изјави Коѕијас.

Прашан дали е можно приклучување на Македонија во НАТО и во ЕУ без решавање на прашањето за името, Коѕијас истакнал дека е неопходно прво да се затвори прашањето како што е предвидено и со Привремената спогодба потпишана во средината на 90 години.

XS
SM
MD
LG